Лев банер Десен банер

Општина Струга и градоначалникот во заминување г. Рамис Мерко со отчет за досегашната работа

-Со завршувањето на мандатот на градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко, се заокружува една значајна фаза на развој, инвестиции и напредок за градот Струга и околните населени места. Последните четири години беа исполнети со конкретни реализации, капитални проекти и финансиско управување кое донесе значително зголемување на општинскиот буџет, велат од Општина Струга.
Додаваат дека во текот на овој мандат, Општина Струга реализирала низа значајни инфраструктурни инвестиции, меѓу кои изградба на нови булевари, реконструкција на локални улици, подобрување на јавното осветлување и проширување на мрежата за водоснабдување и канализација. Овие инвестиции имаа за цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и создавање одржливи услови за понатамошен развој. Благодарение на одговорното управување и внимателното финансиско планирање, буџетот на Општина Струга бележи континуиран раст, достигнувајќи високи износи. Овој раст е доказ за посветеноста кон одржлив развој, транспарентност и ефикасно користење на јавните средства. Покрај инфраструктурата, посебно внимание беше посветено и на секторите образование, култура и туризам. Беа реновирани и изградени образовни објекти, беа поддржани културни проекти и беше зајакната позицијата на Струга како една од најзначајните туристички дестинации во земјата.
На крајот од мандатот, градоначалникот Мерко изјави:
„Струга денес е помодерна општина, со подобро развиена инфраструктура, стабилен буџет и институции кои функционираат во служба на граѓаните. Секоја инвестиција и реализиран проект беа дел од визијата за подобра и поразвиена Струга.“
Не беше лесно да се раководи со една важна и мултиетничка општина во различни владини состави. Имаше многу напади и малку содржина, но успеавме со сериозноста и посветеноста што ја наметнавме. Од општина со наследени долгови, успеавме да создадеме финансиски консолидирана општина — ги подмивме обврските, обезбедивме средства за јавен интерес и вложувавме во капитални објекти и јавни активности согласно годишните буџети.
-Градоначалникот на Општина Струга им се заблагодарува на граѓаните за соработката и постојаната поддршка во текот на овој период, истакнувајќи дека темелот изграден во овие години ќе послужи како цврста основа за идниот развој на градот, додаде на крај градоначалникот во заминување г. Рамис Мерко.

StrugaOnline

error: