Пливачите од „3 Дисциплини“ Струга со 11 медали на меѓународниот митинг во Скопје
Во Скопје се одржа Меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември 2025“, на кој пливачите од клубот „3 Дисциплини“ од Струга остварија одличен настап и се враќаат со вкупно 11 освоени медали.
Најуспешен натпреварувач од екипата беше Девран Куртис, којa освои четири медали: златен на 50 метри делфин, сребрен на 50 метри грбно и два бронзени медали за 100 и 200 метри слободно.
Бисера Кутаноска се закити со златен медал на 50 метри прсно.
Тија Кукунешоска освои злато за 400 метри мешано, бронза за 400 метри мешано во генералниот пласман, како и бронза за 100 метри делфин.
Дон Зиба освои две бронзи за 50 и 100 метри слободно.
Дарија Магдис освои сребрен медал за 100 метри делфин.
-Овие резултати се уште една потврда за континуираниот раст, квалитет и работа на струшкиот клуб, кој во последно време сè почесто го привлекува вниманието со високи пласмани и меѓународни успеси, велат од „3 Дисциплини“ Струга.
StrugaOnline

