Студиото за танц „БАХ“ освои осум награди на Интернационалниот танцов напревар STAGE во Скопје
Во саботата, 8 ноември на денот на ослободување на нашата Струга, Студиото за танц „БАХ“ се врати дома со голем успех – осум освоени награди од Интернационалниот танцов напревар STAGE, меѓу кои шест први места, едно второ и едно четврто место.
Седмото издание на Интернационалниот танцов напревар STAGE се одржа во Националата опера и балет во Скопје, цел ден од 09 до 22 часот на големата и малата сцена настапија над 1600 деца и млади танчери од 12 држави, претставувајќи го својот танцов израз низ класичен и современ балет, џез, модерн, акробатски и шоу танц.
Првите места за струшкото студио за танц „БАХ“ им припаднаа за следните кореографии и категории:
- Freaky Frequency – duo/trio junior open
- Ratata – group children open
- Pink Vibes – formation mini open
- Dollhouse – group children show dance
- Abracadabra – formation senior street style / MTV dance
Второ место освои кореографијата White Moon во категорија solo female senior show dance, додека четвртото место го освои Cinderella – formation children show dance.
-БАХ освои шест пехари, сите се убави, сјајни и значајни за нас. Пехари кои ја красат нашата полица до многуте други кои се таму, но, за нас е најважен седмиот пехар, тој е невидлив но само тој е полн, полн со спомените кои ги направивме, насмевките кои ги предизвикавме кај децата, лекциите кои сите ние ги научивме и од кои сите пораснавме, велат од Студиото за танц „БАХ“ Струга.
StrugaOnline

