Убедливи победи викендов за помалите пионерки и сениорки на ЖКК Струга 2009
Богата програма овој викенд имаа струшките ракометарки на ЖКК Струга 2009.
Кадетките во саботата ја пречекаа екипата на ЖКК Спорт Тим од Неготино, кои за жал натпреварот го загубија после продолжението иако стружанките на двапати имаа 9 поени предност.
ЖКК Струга 2009 – ЖКК Спорт Тим 57:61 (19:15; 13:16; 13:08; 08:14; 04:08).
Најдобри во струшкиот тим беа Даути со 20 поени и постигнати 6 тројки, Зиба 18 поени, Дукоска 12, Коцареска 3, Таранеши и Миладиноска по 2 поени.
Вчера и најмалите односно помалите пионерки (генерација 2014) дебитираа во лигата и постигнаа убедлива победа. ЖКК Струга 2009 – ЖКК Декса 36:22 (10:06; 06:07; 10:02; 10:07).
Најдобри стрелци кај струшките помали пионерки беа Кајмакоска со 17 поени, Дукоска 8, Ајдиноска 7, Маркоска и Наумоска по 2 поени.
Богатиот викенд го затворија сениорките со победа против екипата на ЖКК Шкупи во третото коло од втората лига жени, ЖКК Струга 2009 – ЖКК Шкупи 61:33 (18:07; 16:05; 07:13; 20:08).
Најефикасни кај стружанките беа Хиса и Муртезаи по 12 поени, Кавај и Даути 8, Цинчиќ 6, Таранеши 5, Миладиноска 4, Шикоска и Павлеска по 2 поени. Кај гостите најдобри беа Сулејмани 2о 15 и Ејупи со 11 пени.
StrugaOnline

