Менди Ќура ја превзеде градоначалничката функција на Општина Струга
Денеска официјално г. Менди Ќура ја превзеде градоначалничката функција на Општина Струга.
Менди Ќура се заблагодари на сите стружани кои гласаа за него, својата фамилија, штабовите, активистите, коалициониот партнер Влен, и сите останати што дадоа поддршка за како што вели промените во Струга.
-Денеска почнуваме од зборови на дела, промените почнуваат, мојата лична кола во наредните четири години ќе ја користам за потребите на Општината Струга, денеска дадов предлог одлука за продажба на службеното возило Ауди 6, исто така денеска донесовме важна одлука сите вработени во Општина Струга кои не доаѓаат на работа, некои од нив се и во странство, од денеска ќе има процедура за раскинување на нивните решенија, за точниот број на овие вработени ќе се знае во наредните денови. Од денеска јас сум градоначалник на сите граѓани на Струга без разлика на тоа дали ме гласаа или не, ќе сум покрај нив за да ги реализираме најавените промени односно реализирање на најавените проекти во Општина Струга, изјави новиот градоначалник на Општина Струга, г. Менди Ќура.
На новинарското прашање за кој проблем најпрво ќе се зафати, Ќура вели дека за решавање има многу проекти, најпрво би се зафатил со патот Мороишта-Струга што е најбитен и покомплициран, паркинг места, зеленило, чекаме од владата да добиеме опрема за комунално односно околу 8000 канти за отпад, возила и други опреми за чистење и уредување на зеленило.
На прашањето дали ќе изврши ревизија на досегашното работење на поранешниот градоначалник Рамис Мерко, и општо општинските јавни институции одговори дека ќе има ревизија на општината и на сите јавни претпријатија, ќе се формираат комисии за утврдување на фактичката состојба на институциите и нивното работење .
На новинарско прашање за решавањето на депонијата, одговори дека е тешко да се реши тој проблем кој трае веќе 20 години, има ветување од владата дека ќе се реши во смисла на отварање на регионална депонија која се предвидува за извесно време да се реализира, верува дека во 2026 година овој проблем ќе се реши, иако е голем проблем, барем верува, да се реши повеќе да не се носи отпад во струшката депонија односно да се носи во новата регионална депонија која се предвидува да биде во Новаци, нема конкретни информации во овој момент, но ќе ги има скоро за што јавноста ќе биде благовремено известена.
За водоснабдувањето, Ќура изјави дека со менување на азбестните цевки мисли дека тука ќе има позитивна насока дека тука ќе има резултат, бидејќи 70-80% од таа вода се губи, тој проект е веќе почнат и ќе се инсистира за две години да се сменат сите цевки во градот, па во иднина ќе се гледа да се направи поголем план за решение со водоснабдувањето на целиот регион на Општина Струга, имајќи ги во предвид и селата кои се во тешка ситуација со водоснабдување.
StrugaOnline

