Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
5 Маврови Анови, Лазарополе, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, Претор, Битола, Прилеп, Виница, Берово, 9 Тетово, Куманово, Охрид, 10 Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 11 Скопје–Петровец, Велес, Демир Капија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
9 Крива Паланка, 7 Берово, Крушево, Кавадарци, Лазарополе, 6 Прилеп, Штип, Виница, 5 Претор, Битола, Маврови Анови, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тополчани, Пожаране, Попова Шапка, Пожар-Радовиш, 2 Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Велес, Ѓуриште, 1 Демир Капија, Струмица, Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

