На 20 ноември премиера на најновиот филм на Јани Бојаџи „Утре наутро“ во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга
Премиера на најновиот филм „Утре наутро“ на Јани Бојаџи на 20-ти ноември (четврток), со почеток во 19.00 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.
Во филмот, две жени, млад лекар и сопруга на поранешен премиер, се обидуваат да избегаат од стегите на американската влада и европските дипломати, кои ја играат својата игра на моќ и тортура во една мала земја во Источна Европа.„Утре наутро“ е во режија и сценарио на Јани Бојаџи, а филмот политичка драма во која се обработуваат современи општествени случувања во Македонија.
Приказна од вистински настани кои се случиле меѓу периодот до 2014 до 2017 година.
Влез 200 денари.
StrugaOnline
