Нова метода на Хемадсорпција во ЈЗУ Специјализираната болница за нефрологија – Струга
Во постојаната мисија да се обезбеди најдобра и најсовремена здравствена нега за пациентите, ЈЗУ Специјализираната болница за нефрологија – Струга започна со примена на една нова иновативна метода – Методата на хемоадсорпција за пациентите на хемодијализа.
Оваа современа метода игра значајна улога во подобрувањето на состојбата на пациентите, бидејќи помага во отстранување на токсичните супстанции и воспалителните медијатори од крвта, што директно придонесува за намалување на компликациите и зголемување на квалитетот на живот на пациентите.-За успешна примена на оваа метода, имавме задоволство да го пречекаме тимот на професионалци од областа на нефрологијата од Кина, кои со голема посветеност го обучија нашиот стручен персонал, споделувајќи ги најнапредните искуства и знаења во оваа област.
Во текот на денот беа спроведени неколку демонстративни сесии, при што беа одбрани неколку пациенти кои ќе бидат клинички следени континуирано, со цел да се проценат реалните придобивки од оваа метода.
Ова претставува уште еден доказ за нашата непоколеблива посветеност кон пациентите, но и за желбата на нашиот тим да напредува, да учи и секогаш да донесува нови вредности и најдоброто во здравствената грижа, велат од ЈЗУ Специјализираната болница за нефрологија – Струга.
Додаваат дека секоја новина, секоја обука и секој напор има една единствена цел: Здравјето и благосостојбата на нашите пациенти, ќе продолжиме да воведуваме современи методи и нови технологии, бидејќи цврсто веруваме дека искрената грижа и континуираниот професионализам се темел на квалитетна здравствена услуга.StrugaOnline

