Вевчанката Билјана Лотеска добитник на наградата „Литературни прашувалки-прашувалки“ за сликовницата „Пчеличката Баз“
Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, неодамна пред бројни гости, меѓу кои и најмлади претставници на македонската заедница од Јабука, Србија, се одржа манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2025“.
Притоа, книгоиздателството „Едука“ претстави 6 најнови книги и сликовноици за деца, а беше врачена награда „Литературни прашувалки-прашувалки“, која годинава за сликовницата „Пчеличката Баз“, ја доби вевчанката Билјана Лотеска.
Деновите на македонската литература за деца во Белград, продолжи со посета на детска градинка, каде на дечињата им беа подарени сликовници на македонски јазик како и ракотворби за деца со македонски обележја.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline

