Средба на директорот на НУ Завод и Музеј Охрид, м-р Горан Патчев со Менди Ќура новиот градоначалник на Општина Струга
Денес, директорот на НУ Завод и Музеј Охрид, м-р Горан Патчев оствари средба со господинот Менди Ќура новиот градоначалник на Општина Струга, на која средба покрај честитката за новата функција директорот изрази искрена желба за успех и идна поинтензивна меѓусебна соработка помеѓу двете надлежни институции во управувањето со Природното и Културното Наследство на Охридскиот Регион запишано на листата на светско наследство на УНЕСКО.
StrugaOnline

