Билтен за Охрид: Физички нападнати полициски службеници, приведена охриѓанка за кражба во продажен објект…
На 12.11.2025 во 18:00 часот на улица „Димитар Влахов” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Б.(58) од Охрид затоа што физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија. При преземање мерки во врска со настанот, констатирано е дека е под дејство на алкохолм, односно измерени му се 1,72 промили. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.11.2025 во 16:17 часот, полициски службеници од СВР Охрид ја приведоа С.А.(55) од Охрид. Таа е затекната при извршување кражба во продажен објект и притоа кај неа се пронајдени повеќе одземени производи кои се вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

