Општина Струга: Да се остранат сите времени објекти, огревно дрво, хаварисани возила кој што се на јавна површина
Од Општина Струга ги известуваат сите граѓани дека од во рок од 10 дена, должни се да ги остранат сите времени објекти на кои согласно Решенијата за поставување на урбана опрема во тековната 2025 година, рокот им е изминат, а се однесува на сите бараки, тезги, детски играчки, рекламен материјал, земјоделски производи, градежни материјали и слично.Исто така, се известуваат граѓаните кои имаат зафатено јавна и сообраќајна површина на територијата на општина Струга, како на пример оставено огревно дрво, нерегистрирани и хаварисани возила, отпадни гуми и друга опрема и материјал истата да ја ослободат.
Краен рок за постапување е 30.11.2025 година (недела), по истекот на рокот инспекцијата на општина Струга, ќе постапи согласно законските надлежности и ќе започне со ослободување на зафатената јавната површина.
StrugaOnline

