Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
0 Берово, 2 Битола, Струмица, 3 Скопје–Петровец, Крива Паланка, Тетово, Штип, 4 Прилеп, Велес, 5 Скопје–Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Лазарополе, 6 Охрид, Претор, Гевгелија, 7 Виница, Маврови Анови, 8 Демир Капија, 10 Крушево.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Наутро по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

