Приведено лице од Мешеишта, бил затекнат во Мислешево со возило натоварено со огревно дрво без документација
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.
На 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро” без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација.
Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

