ЦУК: Одрон на патот Дебар- Струга кај местото Џепчиште
Од Центарот за упавување на кризи (ЦУК) информираат дека во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар- Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор.

Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот.
StrugaOnline

