Приведено лице од Струга кое фрлило марихуана кога ја забележало полицијата
На 19.11.2025 во 20:45 часот на струшкото крајбрежје, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Н.М.(41) од селото Заграчани, струшко. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил марихуана, која е најдена и одземена. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

