Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, присуствуваше на најголемиот економски настан во Македонија – TOP 100™ 2025
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, присуствуваше на најголемиот економски настан во земјата – TOP 100™ 2025, организиран од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.
На овој престижен настан, градоначалникот Ќура беше одликуван со специјална благодарница за неговиот значаен придонес во годините на неговиот ангажман како поранешен претседател на СКСЗМ.„Неопходно е да се засили ангажманот во насока на развој на човечките ресурси, стручното образование, обуките за млади, покачувањето на минималната плата и намалувањето на придонесите како мерки што овозможуваат зголемување на платите и го спречуваат иселувањето на младите. Ова мора да биде придружено со долгорочно економско планирање и меѓународна соработка,“ – истакна градоначалникот Ќура пред присутните.
На 16-тото издание на TOP 100™ присуствуваа над 400 гости, меѓу кои претседателот на Собранието, премиерот, министри, амбасадори, раководители на институции, меѓународни партнери и, пред сè, исклучителна присутност на домашни компании.
StrugaOnline

