Учениците од IV-то одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга денеска беа во посета на Општина Струга
Учениците од IV-то одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга денеска беа во посета на Општина Струга за да научат одблиску како функционира Општината и како се работи секој ден за нашиот град.

Децата слушаа внимателно, поставуваа умни прашања и нè потсетија колку е важно да градиме Струга што расте заедно со нив.
Нивните прашања беа искрени и полни со детска топлина, еве некои од нив:
– „Сакаме град без улични кучиња!“
– „Ќе изградите ли тротоари и патеки за велосипеди?“
– „Што ќе направите поразлично за нас, децата?“
– „Ќе има ли терен за лизгање во зима?“
– „Ќе има ли повеќе детски игралишта?“
– „Како подобро ќе се грижиме за хигиената во градот?“
– „Ќе се градат ли нови спортски терени?“
-Овие барања не се само желби тие се гласот на новата генерација, на децата кои сакаат Струга да биде почиста, побезбедна и поубава, а нам ни е огромно задоволство да им покажеме дека да, секој ден работиме за овие желби да станат реалност, велат од Општина Струга.
Додаваат дека ваквите средби нè потсетуваат зошто сме тука: да им изградиме на децата град каде што ќе сонуваат слободно, ќе играат безбедно и ќе растат со љубов
StrugaOnline

