Лев банер Десен банер

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој и ги извади органите на Веапоска

Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска.

StrugaOnline

error: