Голема победа на пионерките на ЖРК Струга 2024 на гостувањето против ЖРК Вардар
Во рамките на десеттото коло од пионерската лига, пионерките на ЖРК Струга 2024 на гостувањето против ЖРК Вардар извојуваа голема победа со 12:13.
Некомплетни уште од третото коло и со повредени играчи, стружанките предводени од Теодора Гулицоска и Владимир Паноски, со добра игра и исклучително силна одбрана, издржаа и славеа победа над ЖРК Вардар.
Во наредното, единаесетто коло, последно за есенскиот дел од сезоната, стружанките на домашен терен ги пречекуваат на ЖРК Јехона од Гостивар.
StrugaOnline

