Ресторан „Драган и Јовче“ слави дваесет години постоење
Ресторан „Драган и Јовче“ градски пазар Струга слави голем јубилеј, 20 години од нивното постоење.
„Со голема чест го одбележуваме нашиот јубилеј – 20 години Ресторан „Драган и Јовче“. Две децении исполнети со традиција, вкус и посветеност кон секој гостин.
Во овие години создадовме место кое не е само ресторан, туку дом на добрата храна и убавите моменти. Ви благодариме за довербата, поддршката и пријателството што ни ги подаривте.
Со истата љубов и страст продолжуваме да создаваме вкусови кои се паметат и моменти кои се вредни за споделување. Благодариме што сте дел од нашата приказна цели 20 години.“-велат од Ресторан „Драган и Јовче“.
StrugaOnline

