Директорот на ТАВ Македонија во посета на Општина Струга
Градоначалникот на Општина Струга, г. Менди Ќура, денеска имаше чест да го пречека на работен состанок Генералниот директор на TAV Airports, Неџат Курт. Посетата беше во духот на честитка за новата локална власт, но и за разговор за заедничките предизвици и можности поврзани со регионалниот развој.
На средбата беше потенцирана стратешката важност на Аеродромот Охрид, точка од клучно значење не само за локалниот развој, туку и за националната економија. Се разговараше за потребата од поголема интеграција и поблиска соработка помеѓу општините од регионот и аеродромите, со цел создавање нови економски, туристички и инфраструктурни можности.Директорот на ТАВ најави дека во наредниот период се очекуваат нови инвестиции за проширување на капацитетите на аеродромот, како и отворање на неколку нови авионски линии, кои ќе имаат позитивно влијание врз развојот на Охрид, Струга и целиот регион.
Општина Струга останува посветена на зајакнување на партнерствата што носат економски раст и директни придобивки за нашите граѓани
StrugaOnline

