Државниот пазарен инспекторат во пресрет на претстојните празници ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угоситителските објекти
Државниот пазарен инспекторат во пресрет на претстојните празници и зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угоситителските објекти со цел спречување на одредени нерегуларности во работењето и заштита на присутните гости.
Апелираме до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, законот за заштита од пушење и сите други одредби, апелираат од Државниот пазарен инспекторат.
Додаваат дека Државниот пазарен инспекторат соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и ќе превземе мерки и санкции согласно законите.
Повикуваат граѓаните секоја неправилност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или www.dpi.gov.mk.
StrugaOnline

