Лев банер Десен банер

Полицијата пронајде прашкаста и грутчеста материја во возило на 47-годишен стружанец

На 30.11.2025 во 01:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово” го лишија од слобода А.Г.(47) од Струга. При извршен преглед во патничко возило „фолксваген туарег” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се прашкаста и грутчеста материја. Во врска со настанот, во полициска станица на разговор се повикани се А.К.(21) и Д.З.(40), двајцата од Струга, како и М.К.(35) од Тетово, кои биле сопатници во возилото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: