Лев банер Десен банер

Започнаа градежните работи за Реконструкција-замена на азбест цементна водоводна мрежа на дел од ул.Маршал Тито на раскрсница со ул.Велко Влаховиќ во Струга

Од Општина Струга известуваат дека започнаа со градежни работи за Реконструкција -замена на азбест цементна водоводна мрежа на дел од ул.Маршал Тито на раскрсница со ул.Велко Влаховиќ (крак 4) во град Струга.
Во рамки на проектот од утре 02.12.2025 ќе се изведуваат градежни работи на делницата од Градскиот Пазар кон гробиштата (крак 4 и Крак 8) и во делот од ул.Туристичка на потегот на улицата кон Полициската станица (крак 9).
Денес во Општина Струга се одржа координативен состанок на кој присуствуваа претставници на изведувачот „Маркоски К73„ од Струга, ЈП Водовод и канализација и претставници на Сообраќајна Полиција Струга, со цел непречена работа во тек на изведување на работите.

StrugaOnline

error: