Лев банер Десен банер

Директорката на СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ Струга-Бесиме Јонузи доби наградата на ABILITY AWARDS 2025

На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Директорката на СОУ Гимназија “Д-р Ибрахим Темо”Струга, Бесиме Јонузи имаше чест да присуствува на ABILITY AWARDS 2025.
На настанот беа претставени 124 исклучителни личности чии приказни се потсетник дека границите постојат само кога ние ќе им дозволиме. Една од тие личности беше Директорката на СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ Струга, Бесиме Јонузи, која дава континуирана поддршка на овие иницијативи како дел од својата програма, со јасна цел да се унапредат инклузијата и еднаквите можности во СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ Струга.
Бесиме Јонузи беше номинирана и ја доби наградата како една од најинспиративните учесници кои со својот пример го менуваат начинот на кој ја разбираме инклузијата. Нејзиниот последен проект „Изградба на лифт, подвижни скали за деца со попреченост во нашето училиште“ е доказ дека различноста не е пречка, туку богатство што нè обединува.
Во продолжение дел од говорот на Бесиме Јонузи на настанот:
(,,ПОЧИТУВАНИ,
За мене претставува исклучителна чест оваа номинација и оваа награда како директорка на училиште кое денес се трансформира во вистински инклузивен простор.
Ова признание не е само лично – тоа е признание за нашата заедничка работа.
Дозволете да споделам еден момент што длабоко ме трогна.
Во ноември минатата година, за време на една манифестaција во Струга, ми пријде една мајка со двајца прекрасни сина кои се движеа со количка, и ме праша со многу надеж:
„МОЈОТ СИН ЌЕ УЧИ ВО ВАШАТА ГИМНАЗИЈА. ДАЛИ ИМАТЕ БАРЕМ И МИНИМАЛНИ УСЛОВИ ТОЈ ДА СЕ ЧУВСТВУВА ЕДНАКОВ?“
Тоа прашање ме погоди во срцето, затоа што секоја мајка има право да ги гледа своите деца како напредуваат, а секое дете има право на еднаков пристап до образованиеto.
Токму тогаш решив – во нашето училиште повеќе нема да се зборува за МОЖНОСТ, туку за ОБВРСКА.
Обврска да создадеме услови, да ги отвориме вратите, да не оставиме никого надвор.
Денес сум горда што реализиравме проекти кои менуваат животи:
Лифт
Подвижна платформа за скали
Прилагодени тоалети за ученици со попреченост
Овој проект, со својата тежина и вредност, ги стави во сенка сите други проекти реализирани во изминатите 8 години.
Синот на таа мајка денес е наш ученик.
Ова не се само инвестиции – се пораки, дадени и исполнети ветувања, доказ дека општеството се менува кога сакаме и кога работиме силно да биде праведно за сите.
Оваа номинација ме мотивира со уште поголема посветеност да продолжам да градиме училишта каде секој ученик, без разлика на предизвиците, ќе се чувствува прифатен, почитуван и вреднуван.
Ви благодарам од срце за довербата, за прекрасното патување што го започнавме заедно – ОВА Е САМО ПОЧЕТОКОТ.
Ви благодарам.”)

StrugaOnline

error: