Здружението на пензионери од Струга во официјална посета на Општина Струга
Ново избраниот градоначалник г. Менди Ќира, имаше чест да ја прими делегацијата на Здружението на пензионери од Струга на работна средба предводена од претседателот Милорад Трпоски и потпретседателот Минир Мамуди. Посетата беше во духот на честитка за новата локална власт која прво во име на делегацијата му го честитаа четиригодишниот мандат како прв човек на градот Струга, но и разговор за заеднички предизвици. Додека потпретседарелот Мамуди му се обрати на албански јазик честитајќи го изборот и му посака успешна четиригодишна работа.
После официјалниот протокол, претседателот Трпоски, го запозна со годишната програма за 2026 година, како и со проблемите со кое се соочува здружението, посебно со немањето на пензионерски дом. Исто така беа поставени прашања од сверата на здравство, култура и спорт на пензионерите.
Новиот градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира, тој нагласи како прво, важен чекор за рационално трошење на јавните средства.
Покрај приоритетните задачи е изградба на патиштата, решавање проблемот со паркирањето, и подобрување на комуналните услуги. Во однос на грдската депонија, тој посочи дека се очекува регионално решение до профункционирање во 2026 година. А, што се однесува за Здружението на пензионери, ќе настојува да влезе во финасиската програма за 2026 година, за партиципација на финасиски средства.
Новиот струшки градоначлник, Менди Ќира, вети дека Струга ќе го направи град кој ќе биде пример за чистота, транспарентност, современ урбан развој, како град во кој граѓаните ќе се чуствуваат безбедно, гордо и рамноправно.
Тој нагласи дека Струга е град со историја, традиција, култура и младост. Особено внимание ќе посвети на младите, за кои рече дека се двигател на секоја заедница. Затоа ќе обезбедиме поддршка за младински проекти, иновации, културни иницијативи и спорт. Ќе обезбедиме јавен пристап до сите информации, отворени податоци и отчетна администрација. На крајот изрази огромна благодарност дo жителите на Струга и струшко за подршката за неговата визија во која насока сакаат да се развива градот.
Делегацијата на пензионеритре, по испиеното заедничко кафе со градоначалникот Ќира, задоволни ја напуштија општинската зграда со поздрав за повторно видување.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

