Престрелка пред џамија во Франција – најмалку осум лица се повредени

- Свет
977

Најмалку осум лица се ранети синоќа при престрелка која се случила  покрај џамија во јужниот француски град Авињон.

За француските медиуми, очевидците изјавиле дека  еден или двајца вооружени мажи со покриени лица стрелале во лицата кои излегувале од џамијата по синоќешната молитва околу 22.30 часот. Напаѓачите се во бегство.

ТАСС јави дека повредени се четири лица кои стоеле на улицата крај џамијата, како и едно четиричлено семејство кое живеело во близина на Авињон.

Француската полиција оценила  дека најверојатно случајот е поврзан со расчистување на сметки меѓу млади лица.

 

Facebook Коментари