Граѓанската иницијатива „Доста“ против јавниот повик на Општина Струга за доделување на јавна набавка за одржување на дивата струшка депонија

- Локални
2049

Општина Струга распиша јавен повик за доделување на јавна набавка за одржување на дивата струшка депонија. Од граѓанската иницијатива „Доста“ излегоа со соопштение преку кое го изразија негативниот став кон одлуката на општината. Во соопштението стои:

„Почитувани Стружани би сакале да Ве известиме дека Општина Струга распиша јавен повик за доделување на јавна набавка за одржување на дивата струшка депонија. Овој пат во износ од 5.000.000,00 денари. Како граѓанска иницијатива сме строго против ваков тендер бидејќи тоа би значело дека локалните, а и централните власти планираат да продолжат да ја користат дивата струшка депонија и со тоа да ги трујат Стружани. Ние како иницијатива ќе ги искористиме сите можни механизми да делуваме со цел затворање на сегашната дива депонија и определување локација која би била побезбедна за одлагање отпад.“

Oд „Доста“ апелираат до сите граѓани активно да се вклучат и да ги искористат сите знаења и влијанија се со цел да се реши овој проблем.

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари