Воениот камп во Охрид ги отвара вратите за Охриѓани

- Македонија
1040

Министерството за одбрана ги нуди капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ во Свети Наум, Охрид, за сместување на граѓаните  кои се вознемирени и оштетени  од низата земјотреси што го зафатија Охридското подрачје во последниов период.

На социјалните мрежи, имаше повеќе апели од граѓаните да се отвори воениот камп, бидејќи таму граѓаните би се чувствувале безбедни. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска одговори на повиците со следнава објава:

„Воениот камп во Охрид ги отвора вратите за граѓаните вознемирени од серијата земјотреси.
Министерството за одбрана ги известува граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат во воениот камп во Свети Наум додека земјата во Охрид не се смири, дека вратите на кампот се отворени. На овој начин одговоривме на повиците на граѓаните упатени преку социјaлните мрежи, да се отворат вратите на воениот камп, бидејќи таму граѓаните би се чувствувале побезбедни.
Пријавите за сместување во кампот може да се направат на телефонскиот број 070 403 392. Лице за контакт – Ристе Спасовски, раководител на секторот за услуги, туризам, одржување и возен парк во МО.“ – стои во објавата на министерката Шеќеринска

Денешниот е 19-ти земјотресен ден во нашиот регион. Тлото не престранува да се тресе. Изминатата ноќ беа регистрирани пет нови земјотреси.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари