Струшката дива депонија продолжува да гори, а низ градот се шири неподнослив мирис во екот на туристичката сезона. Утрово, околу 8 часот и 30 минути пред Општина Струга неколку момчиња протестираа извикувајќи „Вие сте канцерот на Струга“.
Проблемот со Струшката депонија, според екологистите постои повеќе од 15 години, а истиот ескалираше за време на Велигденските празници. Од тогаш до денес стружани организираа повеќе протести испраќајќи апели за дислокација, односно трајно решавање на проблемот и гаснење на огнот на смртта во градот на Миладиновци.
Државата минатиот месец со булдожери, камиони и друга механизација ја започна санацијата на дивата депонија За еден ден депонијата беше изгасната и покриена со земја.
Три недели потоа, депонијата е повторно запалена од страна на непознат сторител.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на 22-ри јуни изјави дека се разгледуваат сериозни можности во наредниот период струшката депонија да биде дислоцирана и дека во најкус можен рок ќе се најде решение за проблемот.
За проблемот со депонијата ќе се расправа и во Собранието на Р. Македонија.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари