Лев банер Десен банер

Збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски излезе од печат

Од печат излезе книгата кратки раскази „Смртта долетува насмевната“ со која Стефан Марковски ја доби наградата „Крсте Чачански“ за 2017-та по конкурсот распишан од Здружението за литература, култура и наука „Бран“ – Струга и списанието „Бранувања“ за оваа награда. Книгата е вклучена во едицијата Ризници во издание на истоименото здружение.

За збирката, познатиот српски писател Срѓан В. Тешин нагласува:

„Стефан Марковски во збирката Смртта долетува насмевната маестрално ја демонстрира бескрајната флексибилност на приказните како протејски жанр: приказната може да биде буквално сè. […] Јазично и стилски одлично обликувани, а повеќето и изразито духовити, приказните на Стефан Марковски нудат и еден посебен квалитет кој ги одликува само врвните мајстори на раскажувањето: тие секогаш имаат отворен крај, кој на читателите им овозможува бескрајни интерпретативни проширувања, што ги чини интригантни и заводливи.“

Сашко Насев, пак, ја нагласува модерноста, непредвидливоста и драматичноста во расказите на Марковски.

„Смртта долетува насмевната“ е втора збирка кратки раскази на Стефан Марковски и 10-то објавено дело во неговиот опус.

Книгата е со обем од 112 страни, а корицата е дело на академскиот сликар Никола Голубовски.

Извор: Strugaonline

error: