Лев банер Десен банер

Денес во Општина Струга во работна посета беше амбасадорот на Чешката Република, Н.Е Јарослав Лудва

Денес во Општина Струга во работна посета беше амбасадорот на Чешката Република, Н.Е Јарослав Лудва, средбата се одржа во пријателска и соработничка атмосфера, каде што беа разменети идеи и визии за понатамошен развој на Општина Струга.
За време на разговорот, амбасадорот ја изрази својата благодарност и посебна блискост со Струга, нагласувајќи дека зазема важно место во неговите дипломатски искуства. Тој ја повтори својата целосна подготвеност за зајакнување на билатералната соработка, особено во областите на локалниот развој, културата, туризмот и подобрувањето на јавните услуги.
Амбасадата на Чешката Република со години е пример за конкретната поддршка што ја дава на здравствените установи низ целата земја, особено преку донации на медицинска опрема.
Амбасадорот најави дека наскоро ќе биде доставена уште една важна донација за една од болниците во Струга, што ќе помогне во зголемувањето на квалитетот на здравствените услуги за нашите граѓани.
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура му се заблагодари на амбасадорот за посетата и за континуираната поддршка што Чешката Република ја дава на Струга и на Македонија воопшто. Тој нагласи дека вратата на Општина Струга е секогаш отворена за соработка, за нови идеи и за секоја иницијатива што придонесува за економскиот, социјалниот и културниот развој на нашиот град.

StrugaOnline

error: