ЈП „Комунално“ со апел до граѓаните да не фрлаат отпадоци на улиците и тротоарите
ЈП „Комунално“ апелира до сите граѓани веднаш да престанат со фрлање отпадоци на улиците и тротоарите.
-Ова однесување не само што го нагрдува градот, туку создава непотребни мини-депонии кои ја отежнуваат секојдневната работа на нашите екипи за одржување и зеленило, кои секој ден се на терен чистејќи поради несовесноста на поединци, велат од ЈП „Комунално“ Струга.
Додаваат дека дел од културата и граѓанската одговорност е заедничката грижа за чистотата на градот, па затоа решително бараме секој да ја преземе својата одговорност и да придонесе кон одржување на Струга чиста и уредна.StrugaOnline

