Градоначалникот Ќура на увид на работите на улицата „Туристичка“, од крстосницата со улицата ЈНА до населбата „Езерски Лозја“
Вчера, градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, беше на увид на работите на улицата „Туристичка“, од крстосницата со улицата ЈНА до населбата “Езерски Лозја”.
Во моментов се реализираат активности за поставување асфалт, како и за атмосферска канализација и јавно осветлување.
Градоначалникот беше информиран од техничките екипи за текот на работите и истакна дека Општината ги интензивира активностите со цел проектот да заврши во предвидениот рок, со што ќе се подобри инфраструктурата и ќе се олесни движењето на жителите од овој дел на градот.
StrugaOnline

