Лев банер Десен банер

Учениците од IV-то одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга денеска беа во посета на Општина Струга

Учениците од четврто одделение при Основното училиште „Браќа Миладиновци“ Струга, денес остварија специјална посета во Општина Струга.
За време на посетата, тие беа пречекани од градоначалникот, кој им објасни одблиску како функционира локалната самоуправа, како се донесуваат одлуките и како се реализираат проектите што директно влијаат врз нивното секојдневие.

На средбата децата поставуваа бројни и многу креативни прашања, интересот најмногу беше насочен кон тоа дали ќе се изградат нови детски игралишта, спортски терени, зелени површини, како и дали ќе има подобри услови во училиштата. Градоначалникот го нагласи значењето на детскиот глас и истакна дека токму ваквите идеи помагаат при планирањето на идниот развој на Струга.

Посетата заврши во позитивна и инспиративна атмосфера, нудејќи им на децата ново искуство за тоа како функционира општината и охрабрувајќи ги во иднина да бидат активни и одговорни граѓани.

StrugaOnline

error: