Три случаи на управување возило под дејство на алкохол во Струга
На 14.12.2025 во 00:46 часот на магистралниот пат Струга – Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.П.(39) од с.Радожда, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,74 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 01:24 часот на магистралниот пат Струга – Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода В.В.(44) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 02:25 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.М.(37) од с.Драслајца, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

