Во сабота 27 декември ќе се одржи одбележување 5 години Православна младина Вранишка парохија
Во сабота на 27 декември во Струга ќе се одржи свечен црковно-забавен настан по повод одбележување 5 години Православна младина Вранишка парохија во кој ќе има Духовно-културна програма со хорови, солист и изложба на традиционални ракотворби.
На настанот ќе настапат членовите на Православна Младина – Вранишка Парохија, хорот од училиштето за Веронаука при храмот „Воскесение Христово“ од Подгорица, Црна Гора и оперскиот пејач Косте Костески.Ќе има изложба на црковни и традиционални ракотворби во техниката на срмен вез.
Настанот ќе се одржи во сабота, 27 декември со почеток во 16 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
Влезот е слободен.
StrugaOnline

