Денеска во Општина Струга ќе се одржи информативна средба за родова еднаквост
-Оваа активност се спроведува во рамки на шемата за подгрантови од протот „Од несвесни за различностите во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднакввост”, ја спроведува Националниот совет за родова рамноправност во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), велат од Општина Струга.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европска Унија. Целта е да се соберат мислења, искуства и потреби на жените и другите граѓани/ки во Општина Струга, за да се направи родово буџетска анализа, да се развијат индикатори, да се дефинираат препораки и да се подготват предлог-мерки за годишните програми (ЛЕР, социјала, еднакви можности) за 2026 година.Информативната средба ќе се одржи денеска во 12:30 часот во Општина Струга.
StrugaOnline

