Во близина на Вевчани лишен од слобода охриѓанец за поседување предмети со остатоци од марихуана
На 17.12.2025 во 20:00 часот, на паркинг простор од деловен објект во близина на Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода го лишија И.Е.(23) од Охрид. При извршен преглед во неговото возило „југо” со охридски регистарски ознаки, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

