Лев банер Десен банер

ЈЗУ „Нефрологија“ Струга доби нова компресорска станица и целосен цевен развод за медицински гасови

Со поддршка на Министерството за здравство, во нашата институција е реализирана значајна инвестиција: изградба на нова компресорска станица и целосен цевен развод за медицински гасови- компримиран воздух и цревен оксидол.
Со оваа инвестиција, ЈЗУ „Нефрологија“ Струга доби стабилно, сигурно и континуирано снабдување со компримиран воздух, кој претставува клучен сегмент во работењето на операционите сали, особено за непречен погон на апаратите за анестезија, како и за други потреби во установата. Новата опрема и современиот цевен систем овозможуваат континуирано производство и дистрибуција, со што загубите во производството, разводот и дозните системи стануваат минато.
Ова значително придонесува за непречено функционирање на анестезиолошката апаратура при спроведување на општа анестезија, како и за уште повисоко ниво на професионалност и безбедност во работата на анестезиолошкиот тим. Воедно, се подобрува квалитетот на здравствените услуги кои ги обезбедува Урологшкото одделение при Специјализираната болница за нефрологија.
Придобивките од оваа инвестиција ги чувствуваат пациентите од целиот југозападен регион, но и пошироко, велат од ЈЗУ „Нефрологија“ Струга.

StrugaOnline

error: