Градоначалникот Менди Ќура потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Македонија
Градоначалникот Менди Ќура потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Македонија, со кој се воспоставува институционална рамка за координирано дејствување во насока на економски, социјален и административен развој на локалната заедница. Овој меморандум претставува значаен чекор кон унапредување на партнерството меѓу локалната самоуправа и бизнис-заедницата.
Соработката е насочена кон повеќе приоритетни сегменти, меѓу кои поттикнување на локалниот економски развој, поддршка на малите и средни претпријатија, подобрување на деловната клима, олеснување на инвестициите и стимулирање на нови економски иницијативи. Во рамки на меморандумот се предвидува и организација на заеднички активности, размена на експертска поддршка и имплементација на проекти од заеднички интерес за заедницата и стопанството, велат од Општина Струга.
Од Општина Струга додаваат дека продолжуваат со јасна определба за градење отворени и конструктивни партнерства, со цел постигнување одржлив локален развој, економски напредок и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
StrugaOnline

