Лев банер Десен банер

Понеделник официјално започнува со работа новото архитектонско студио SDConcept, лоцирано на ул. Маркс Енгелсова 44 во Струга

Понеделник официјално започнува со работа новото архитектонско студио SDConcept, лоцирано на ул. Маркс Енгелсова 44, во Струга.

Студиото нуди услуги од областа на архитектурата и ентериерното уредување, со фокус на современ дизајн, функционалност и внимателен избор на материјали за станбени и комерцијални простори.

SDConcept е и главен и официјален увозник за Македонија на Silk Plaster од Латвија – декоративни ѕидни декорации, како и на LVT подови за комерцијални објекти и теписони за канцеларии и хотели.

Работното време на студиото е од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, и сабота од 09:00 до 15:00 часот.

Со отворањето на SDConcept, Струга добива нов простор каде идејата, просторот и материјалот се среќаваат во едно.

StrugaOnline

error: