Натпревар по дебатирање на англиски јазик во Јахја Кемал – Струга
На 19.12, во просториите на училиштето Јахја Кемал – Струга, се одржа натпревар по дебатирање на англиски јазик. На настанот учествуваа над 60 ученици од 9 одделение од државните училишта во Струга.
Учениците ги покажаа своите вештини за критичко размислување, аргументирано изразување и тимска работа, дебатирајќи на актуелни теми на англиски јазик. Настанот ја истакна важноста на дебатирањето како значаен талент и животна вештина што придонесува за развој на самодовербата и лидерските способности кај младите.
StrugaOnline

