„Биби и Боби“ овој четврток во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга
Приказната за „Биби и Боби во светот на бајките“ овој четврток во големата сала при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
Приказната за „Биби и Боби во светот на бајките“ е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица“, „Биби и зрното грашок„ и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)” која ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината.
Актери: Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Слаѓана Вујосевиќ, Никола Ристановски а режијата е на Гоце Цветановски, Димитар Аризанов и Јосип Здравковски.
Приказната за „Биби и Боби во светот на бајките“, четврток, 25 декември во големата сала при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, старт 12:00 часот, салата ќе биде затоплена а цената на влезниците е 150 денари.
StrugaOnline

