Билтен за Струга: Вршење јавен превоз на патници без лиценца, два случаи на физички напади…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(64) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес”, управувано од пријавениот, при што е констатирано дека врши јавен превоз на патници, без да поседува лиценца издадена од надлежен Државен орган.
На 24.12.025 во 02:30 часот на ул.„Ристо Крле” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(29) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал 17-годишна девојка од Струга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.12.2025 во 21:55 часот во ОВР Струга е пријавено дека на кеј„Борис Кидриќ” во Струга, А.К. од струшкото село Велешта со уште три други лица физички го нападнале О.Д.(27) од Струга. По целосно расчистување на настанот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

