Новогодишен детски базар утре во Вевчани

И оваа година во Вевчани се организира новогодишен детски базар во организација на ЈОУДДГ „Планински Цвет“ Вевчани, дечињата и родителите.
На новогодишниот детски базар ќе има музика, забава, храна, креативни изработки, аниматори и Дедо Мраз.
Настанот ќе се одржи утре, 26 декември 2025 година на Плоштадот во Вевчани со почеток во 11 часот.
StrugaOnline

