Жители од с. Драслајца се жалат дека ЈП „Водовод“ Струга две години не санира пукната цевка
До нашата редакција пристигна известување од загрижени жители од с. Драслајца, се жалат дека ЈП „Водовод“ Струга две години не доаѓа да санира пукната цевка иако е истата пријавена.
Проблемот е, како што велат, пукната водоводна цевка за кој иако во овие две години е многупати пријавувано, ЈП „Водовод“ сеуште не доаѓа да го реши, неможеме пешки да поминиме од толку вода што има а имаме и слаб притисок.
Пукнатата цевка се наоѓа на улицата Копачка пред средселото од десна страна кон крајот од улицата.
StrugaOnline

