Денеска во Струга ќе се одржи отворен ден за Џудо
Џудо клубот “Дрим” Струга ве поканува на “ОТВОРЕН ДЕН ЗА ЏУДО” во рамки на “СПАРК” проектот.

Ве покануваат да го откриете светот на Џудо и да дознаете како боречките вештини придонесуваат за подобра физичка форма, самодоверба и ментална благосостојба кај младите.
На отворениот ден присутните ќе имаат можност да видат демонстрации и техники, да учествуваат во интерактивни мини-тренинзи, да се запознаат со тренерите, да дознаат како џудото развива сила, фокус и емоционална контрола.
Џудото им помага на младите да изградат сила и координација, развијат дисциплина и самодисциплина, стекнат почит, разбирање и соработка, ја зајакнат самодовербата и личната отпорност.
Настанот ќе се одржи денеска во училиптето “Браќа Миладиновци” во Струга со почеток во 19 часот и е целосно бесплатен и отворен за сите млади.
StrugaOnline

