Изложбата „Мост“ нуди вечерни разговрои со авторот Сузана Зафирова

- Занимливо
1146


(07.07.2017, Скопјe)    Изложбата “Мост”  На Сузана Зафирова во Јавна соба е отворена за јавноста до крајот на месец јули. Влезот за сите посетители е слободен. Посета на изложбата е одлична можност да ги поминете топлите скопски вечери со пријатели на чашка муабет за уметност во ладовина и пријатна атмосфера во Јавна соба, да се сретнете со авторот и размените мислење на оваа тема.

Кои се новите ѕидови на жената? Како нејзиниот емоционален капацитет го бои етерот истражувајќи го навидум безграничниот нов простор? Кои се нијансите меѓу можностите на жената онакви какви што сите би ги признале и онакви какви што се во секојдневието? Со чист ликовен израз и апстрактна сликарска игра овие прашања се одговорени на платно и на хартија со маслени и акрилни бои и ќе можат да се видат и во следните јулски денови во Јавна соба.

Жената има жива улога денес, не е статична, улога која добива нови форми и менува стовековни социјални и родови пејзажи. Промена во родовото сценарио значи и ребаланс на моќта, а со тоа и на одговорноста.

Во текот на 15 тематски циклуси Сузана Зафирова има одржано над 40 самостојни изложби на Балканот.

Јавна соба го поддржува развојот на независната креативност.

Facebook Коментари